Македонска Каменица денот го посвети на лицата со посебни потреби – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/18 4:53 PM

Македонска Каменица денот го посвети на лицата со посебни потреби

Силни емоции се читаа од лицата на родителите и нивните деца со посебни потреби од Македонска Каменица, денеска на одбележувањето на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лица со посебни потреби. Тие денеска имаа средба со градоначалничката Соња Стаменкова, која оваа пригода им кажа дека врвен приоритет во работата на општината е подобрување на условите за живот и интеграција на оваа категорија граѓани.
За таа цел, воспоставена е соработка на општината со новоотворениот Дневен центар за лица со посебни потреби, каде во финална фаза е подготовката на Меморандум за соработка и регулирање на обврските помеѓу Општината и Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи – Делчево.
-Со неговото потпишување ќе се олеснат начинот и процедурите за воведување на нови мерки, со кои ќе се подигне нивото на меѓусебна соработка. Освен тоа, Општина Македонска Каменица поддршката за лицата со посебни потреби ја изразува со издвојувањето на средства за проекти и програми на хуманитарните здруженија и организации кои работат со оваа група на граѓани, рече градоначалничката Стаменкова.

Оваа посета на кабинетот на градоначалникот на општина Македонска Каменица на лицата со посебни потреби им причини особена радост. Со својата искреност и блискост предизвикаа силни емоции роддителите и кај сите присутни во Салата за состаноци, каде во рамки на