Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објави дека тинејџерката била убиено од својот татко.
Во својата објава на Фејсбук, Ристиќ напиша дека седумнаесетгодишната девојка била ветена за момче од Турција, но таа се заљубила во друг, по што татко и’ ја убил.
„Јас сум таткото на удавеното девојче. Апелирам до сите да не го коментираат овој случај да остават институциите кои се надлежни“, рече Меџити, кој повика на разбирање кај новинарите да не прават сензации од овој случај, бидејќи болката од загубата во семејството сé уште е силна.
Актерката Ристиќ, набргу по објавата ја избриша истата од својот профил, по што истакна дека случајот ќе го истражува новинарка чие име таа не го соопшти.


