Машката екипа на ветерани Струмица и женската екипа на ветаранки Работнички Скопје се победници на турниро во одбојка Тетово опен 2018 година Целта на турнирот е да се промовира одбојката и да се доближи до младите.
На одбојкарскиот турнир за ветерани и ветеранки Тетово опен 2018 учествуваа 6 екипи. Организаторот Ивица Хаџи Илоски Чајка вели дека за одбојката која во Тетово па и во Македонија била многу популарна младите немаат интерес, затоа и се организира овој турнир, кој има за цел и да се видат дружат и спортуваат поранешните одбојкари.
Спортските работници велат дека одбојката во Македонија го губи квалитетот, затоа што младите се повеќе учат за овој спорт од телевизиските преноси. Затоа и ваквите турнири се повеќе од неопходни.
Поранешниот одбојкар Александар Тасевски вели дека е потребна враќање на младинските школи за одбојка.
Турнирот во одбојка за ветерани и ветеранки Тетово опен 2018 година кој се одржа годинава е трети по ред. Истиот го организара семејството Хаџи Илоски од Тетово познато по успесите во овој спорт.
Зоран Димовски


