Нова тужба од стечајниот управник против Кунико рисорсис     – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/18 11:25 AM

Нова тужба од стечајниот управник против Кунико рисорсис    

Поради направена штета од  51 милиони долари , стечајниот управник на Фени индустри  Мирослав Анастасиевски,  поднел тужба до Кунико Ресорсис од Холандија, „Кунико Маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против лицата Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал. Штетата кои тие ја причиниле ја довеле компанијата во стечај.

Дознаваме дека стечајниот управник поднел и кривична пријава до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција против Миркахмедов, Агарвал и Бранко Колев , сите носители на функции во Фени индустри АД ,пред да замине во стечај и против Кунико Маркетинг ФЗЕ,за сторени кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување,злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Според поднесената тужба и наодите на стечајниот управник, по извршените контроли и извештаите од страна на УЈП, биле откриени неспорни докази дека овие правни и физички лица, во 2016 година извршиле незаконски дејствија и го оштетиле ФЕНИ Индустри АД за 51 милион американски долари.

Инаку тужби за претходното раководство на Фени лани поднесе и Управата за финансиска полиција.

Пред некој ден по вторпат беше прифатен планот за реорганизација на ГСОЛ и подружницата „Еуроникел“ исто кога и во мај со мнозинство гласови го прифати Собранието на доверители со 95 отсто.Со второто одобрување на планот од Собранието на доверители компанијата е на чекор од повлекување на стечај со што се очекува и судот да го потврди тоа.

Вработените очекуваат конечно да заврши нивната голгота.

 

Ангел Данов