Градот одамна е под опсада на насекаде паркираните автомобили, по што одредени граѓани и компании почнаа да поставуваат тнр. „блокатори“. Агресивно и самоволно се поставуваат на секој ќош. При тоа, не реагира ниту Општината Штип, ниту инспекцијата, ниту СВР и Советот за безбедност во сообраќајнот. Ова е реакцијата на штипјанецот Горан Митев, кој во подолгото пишување на Фејсбук низ текст и фотографии го прави она што треба да го прават институциите. Со дозвола на Митев, го објавуваме неговиот став.
Објавено на: 12/3/18 9:53 AM









