Мицковски немал во план да го исклучи Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 12/3/18 7:41 AM

Мицковски немал во план да го исклучи Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ

„ Не се битни нашите меѓучовечки односи во овој момент. Му посакувам се најдобро со оние со кои одлучил да работи,  рамо до рамо против Христијан Мицкоски“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на нашето прашање дали посетата на кавадаречкиот комитет се должи и на донесување одлука за разрешување на актуелниот градоначалник Митко Јанчев од партијата. Тој не сакаше прецизно да одговори, но нагласи дека го ценел Јанчев како успешен градоначалник и уште поуспешен бизнисмен.

„ Немаме во план  тоа што вие алудирате. Му посакувам се најдобро и да работи за доброто на граѓаните. Граѓаните се тие кои треба да ја вреднуваат неговата работа“ рече Мицкоски.

Тој вечерва беше на средба со членството во Кавадарци, како што изјави, за прв пат во овој комитет откако е избран за претседател.

„ВМРО – ДПМНЕ е со народот, народот е со ВМРО-ДПМНЕ,  а тоа СДСМ ќе го почувствува на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Продолжуваме со посетите на општинските  комитети, мобилизација на членството,  бидејќи  ни претстојат претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ влегува како фаворит“ рече Мицкоски и се осврна на аферата со прислушување во јавното обвинителство.

„Заеднички именител на сите овие скандали во изминативе години во Република Македонија,  почнувајќи од  големото уво завршувајќи  со овој црн Вотергејт, за  кој вчера македонската јавност беше сведок имаат заеднички именител,  а тоа е СДСМ. Во минатото Бранко Црвенковски, сега Зоран Заев и Верушевски. Тоа е едно црнило во македонската демократија едно црнило во македонската независна држава. Некој одлучил да ги има обвинителите и судиите во рака, сега гледаме од каде се оние надмоќи кои ги имаше Заев кога можеше да ги предвиди судските пресуди.“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека партијата што ја води,  целосно ја загубила вербата во судството. Најави дека ако сега не се посочен виновник, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дошле на власт ќе имало одговорност за тие што прислушувале.

 

Ангел Данов