Во текот на следните неколку денови под влијание на јужно воздушно струење ќе имаме позначителен пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Времето ќе биде сончево со умерена облачност, позначителна облачност ќе има во вторник особено навечер и во текот на ноќта кон среда кога се очекуваат локални слаби врнежи од дожд, на планините ќе провејува снег. Циклонска активност и поинтензивни врнежи нашата територија треба да ја зафатат во текот на ноќта сабота кон недела.


