Во Белград убиен газда на позната коцкарница – ММС
ММС

Објавено на: 12/2/18 11:20 AM

Во Белград убиен газда на позната коцкарница

Маскирани лица упаднале вчеравечер во кафуле и го изрешетале сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници.

Владо Поповиќ познат под името Влада Поп убиен е вчеравечер во кафуле во Белград а маскираните лица избегале во непознат правец.

Полицијата покрена акција ,,Виор” и е во активна потера по маскираните лица. Во пукотниците е повредено и 23 годишно момче , кое итно било префрлено во болница.

Поповиќ бил сопственик на казиното ,,Хавана” и лани бил уапсен поради изнуда на 110 000 евра. Тој исто така бил близок и до познати припадници на белградското подземје.