Опозицијата бара одговорност за прислушувањето – ММС
ММС

Објавено на: 11/30/18 5:25 PM

Опозицијата бара одговорност за прислушувањето

Секогаш кога СДСМ е на власт, во Република Македонија се прислушува, реагираше денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беше обелоденето дека фиксната телефонија на Јавното обвинителство била комплетно прислушувана најмалку две години. Опозицијата тврди дека незаконско прислушување има и во моментов.

Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски. Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка. Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство. Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години – прашаа опозиционерите.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите.

Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност. Отворено се сомневаме дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт – изјави денеска партискиот портпарол Димче Арсовски.