Пораките кои СЈО ги презентираше за допишувањето на Јанкулоска и Јанакиески главно се однесуваат на периодот во 2011 година пред парламентарните избори. Во пораките на овие двајца обвинети има податоци за пристигнати пријави за гласање во САД, Канада… Во пораките има и ургенции за побрзо издавање на пасоши за гласачи, како и барање на податоци за гласачи во дијаспората. Во врска со овие податоци Јанакиески ѝ испраќа порака на Јанкулоска со содржина: „Кажи бројки, ебаго“.
Обвинителката Стефанова пред отварање на пораките појасни дека во првата папка со докази има 19 пораки кои ги размениле Јанкулоска и Јанакиески.
Во случајот „Титаник“ на обвинетите им се суди за изборните нерегуларности.


