Договорот со Грција ќе го поевтини гасот во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 7:55 PM

Договорот со Грција ќе го поевтини гасот во Македонија

Поврзувањето со Грција ќе ја намали цената на гасот во Македонија, која поради монополот со снабдување со овој енергес, плаќа највисока цена во регионот. Ова е ставот на првиот човек на Директоратот на енергетската заедница при ЕУ, Јанез Копач. Тој очекува решавањето на проблемот за името со Грција да изгради интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји што ќе придонесе за поголема конкурентност.

Кон намалување на цената на струјата, според Копач, ќе придонесе и Договорот за добрососедство кој Македонија лани го потпиша со Бугарија.

Тоа што интерконекциското гасно поврзување со Грција, но и изградбата на магистралниот далекувод Битола-Елбасан се ставени на списокот на проектите на Енергетската заедница, според вицепремиерот, Кочо Анѓушев е претпоставка дека земјава полесно ќе дојде до финансиски средства за реализација на двете интерконективни енергетски врски со соседните земји:

„Овие два проекта се нов импакт во енергетското поврзување на земјава со соседите. Покрај тоа ЕЗ даде сериозен придонес во изработката нановиот Закон за енергетика кој придонесе за детерминација на енергетското живеење во земјава, а помага и во изработката на подзаконсите акти кои, пак, ќе ја отворат можноста за изградба на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Воведувањето на премиум тарифите ќе овозможи изградба на нови фотоволтаични и ветерни електрани“.

Министерскиот совет резултираше со усвоен водич за Генералните политики на Енергетската заедница при ЕУ за 2019.