Ако може попуст за ветераните на ОНА, може и за бранителите – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 3:42 PM

Ако може попуст за ветераните на ОНА, може и за бранителите

 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Штип побараа бранителите од конфликтот во 2001 година, да бидат ослободени од плаќање на данок на имот и други комунални давачки. Овој предлог уследи откако Советот на Општина Сарај, одлучи да ги ослободи од комуналии ветераните  на ОНА.

Од советничката говорница, координаторот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов,  рече  дека  бранителите треба да добијат финансиска помош, преку ослободување од давачките кон општината. Јорданов, кој е член на Советот на Општината Штип, побара да биде донесена одлука на ова тело, со кое бранителите се ослободуваат од давачката.

„Не се тоа големи финансиски импликации на Буџетот на Општината Штип, а ќе биде голема поддршка за луѓето на кои им ја должиме слободата што ја живееме денеска и коишто во конфликтот во 2001 година, околу 700 на број во Македонија,  ги ризикуваа своите животи“, рече Јорданов.

Советниците побараа на наредната седница да се достави официјално барање со точни информации на бројот на бранители, кои живеат на територијата на Општина Штип. Целта е да се види финансиската импликација врз Буџетот на Општината, па потоа да се одлучува. Ова барање треба да се подотви за наредната седница.

Општината Сарај на крајот од октомври, на седница на Советот на Општината,  донесе одлука со која од плаќање од комунални давачки се ослободуваат ветераните на ОНА, учесници во конфликотот во 2001-та. Владата најави дека ќе ја пресипита оваа општинска одлука.