Нов апарат, центрифуга обезбеди Штипската клиничка болница.Тоа значи во исто време ќе се опслужуваат повеќе пациенти кои за пократко време ќе ги добиваат своите резултати – информира Јордан Тунев, главен лаборант.
-Со новата центрифуга имаме големи придобивки, затоа што со неа може да се постигне брзина од 15.000 вртежи во минута. Исто така може во исто време да ставиме 48 епрувети,со што придобивката ќе биде уште поголема, ќе бидат опслужени поголем број пациенти. Центрифугата може да работи на собна температура од +2 до +35 степени Ц – образложи Тунев.

Новиот апарат бил обезбеден од сопствени средства на Болницата – вели директорот Ален Георгиев.
„Апаратот чини 420.000 денари.Во меѓувреме и старата центрифуга е поправена и ставена во функција.Тоа значи на еден подолг период за овој тип на анализи кои ги правиме во Клиничката болница ќе немаме проблеми“, додава Георгиев.
Во лабораторијата во Штипската клиничка болница месечно се вршат од 20-25.000 анализи за целиот источен регион. Според директорот, во моментов во Болницата ги има сите реагенси потребни за соодветните анализи.
„Немаме засега никакви проблеми со апарати,сите потребни анализи што треба да се вршат се вршат. Со кадар сме екипирани. Имаме двајца нововработени дипломиран лаборант и лаборант техничар коишто ќе се приклучат на тимот од понеделник“, информираше Георгиев.


