Регистрирани случаи на мачење на домашни миленици во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 2:36 PM

Регистрирани случаи на мачење на домашни миленици во Кавадарци

Kaвадарчани се згрозени од несовесните и нехумани постапки на свои сограѓани кои измачувале кучиња и мачиња.  Љубители на животните раскажуваат за несовесниот однос на овие луѓе. Прво краделе расни кучиња, а потоа се изживувале врз нив. Ги врзувале кучињата со жица за нога и ги оставале да висат од мостот на Реката Луда Мара. Вакви грозни сцени биле видени и со мачиња.

Според кажувањата на сведоците, овие лица веќе подолго ги мачеле животните, но вршеле и други противзаконски дејствија без да бидат санкционирани. Последниот случај со врзано куче е пријавен во Организацијата за помош и вдомување на улични животни „Срце за животните“ од Кавадарци.

„Имам информација дека кучето имало сопственик кој се појавил, го одврзал и си го земал кучето дома“ објаснуваат од здружението и раскажуваат дека до нив доаѓале информации дека имало случаи кога украдено куче се оставало врзано за бандера со денови

Од полицијата потврдуваат дека и до нив стигнале пријави за мачење на животни.

„Во текот на оваа година во СВР Велес пријавени се два случаи на малтретирање на животни. И во двата случаи се работи за домашни миленици – кучиња. И во двата случаи се постапува согласно законот против сторителите.

Од општината пак инфирмираат дека интензивно работат на решавање на проблемот со кучињата скитници и веќе соодветно биле третирани над 90 бездомни животни.

 

Ангел Данов