Педесет и седумгодишен работник починал вчера во скопската населба Припор, откако бил потрупан од одронето земјиште. Одронот потрупал и колега на сега починатиот, кој по незгодата со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот. – соопшти денеска МВР.


