Во црквите во Тетово се’ почесто може да се забележи дека се практикува византиското пеење. Ваквото црковно пеење го практикува женскиот младински хор Менада.
Византиското пеење како најстаро црковно пеење, повторно се враќа во богослужбите во православните храмови. Музиката која се пее во Бигорскиот манастир и во манастирот во Рајчица, православните верници можат да ја слушнат и во храмовите во тетовско во изведба на женскиот младински хор “Менада” од Тетово.
Женскиот младински хор “Менада” од Тетово кој е еден од ретките хорови во Македонија кој веќе со години го негува овој вид музика покрај класичната музика, евергрините и фолклорните обработки.
Зоран Димовски


