Вработените во кавадаречкиот комбинат „Фени индустри“ бараат од судот да се стави крај на стечајот, бидејќи нивната неизвесност и несигурност станувала се поголема. Тие прашуваат зошто непотребно се пролонгирала стечајната постака.
„И покрај тоа што редовно земаме плата, сепак не се чувствуваме ослободени од неизвесноста а како резултат на стечајната постапка којашто непотребно се пролонгира и покрај кристално чистата ситуација. Посебно кога знаеме дека секакво пролонгирање е на штета по нас вработените, а и за самата компанија. Затоа, бараме од Судот и од надлежните органи што поскоро да се заврши стечајната постапка и оваа неизвесност за нашата иднина. Бараме сигурност и трајно вработување и нема да дозволиме ова измачување да продолжи и некој да си поигрува со нашите животи“, вели Трипче Силев вработен во Фени Индустри.
Неодамнешната одлука на Судот за враќање на планот за реорганизација поднесен од ГСОЛ/ Еуроникел, а изгласан и потврден од 98 отсто од доверителите, предизвика големо разочарување кај вработени кои постојано се во исчекување на конечно решавање на нивната состојба и иднина.
Затоа, непосредно пред новото рочиште во велешкиот суд, тие бараат да се стави крај на стечајот, да може Фени да работи во полн капацитет и со тоа да се подобри и нивниот статус.
Ангел Данов


