В среда телото на Стефановски ќе биде кремирано – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 1:12 PM

В среда телото на Стефановски ќе биде кремирано

Саемот на книга во Пула, Хрватска кој почна денеска, беше отворен со едноминутно молчење за ненадејната смрт на македонскиот драматург, Горан Стефановски. За смртта на драмскиот писател кој беше почитуван и изведуван во Европа денеска пишуваат и регионалните медиуми, кои пренесуваат дека тој впрочем, требало да биде гостин на Саемот за книга.

Драмскиот Театар во Скопје пак, соопшти дека подготвува серија настани  како обид да се долови барем сегмент од неговото творештво. Ќе бидат опфатени повеќе сегменти како изложба на фотографии од неговите претстави, интервјуа со Горан Стефановски, прикажување на снимки од театарски претстави, но и драматуршки разговори/работилници.

Телото на Стефановски, ќе биде кремирано следната недела, на петти декември. Семејството соопшти дека телото ќе биде кремирано во крематориум во Кентбери, Велика Британија, а пепелта ќе биде истурена во Охридското Езеро.