Притворени четири лица кај Могила за трговија со дрога – ММС
ММС

Објавено на: 11/29/18 1:11 PM

Притворени четири лица кај Могила за трговија со дрога

Битолската полиција лиши од слобода две лица од Битола и две лица од Скопје во близина на селото Могила на улица „Стрежевски пат откако пронашла хероин кај нив. Настанот се случил на 27 ноември, информира портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова.

-Од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола и Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје лишени се од слобода лицата З.Б.(25) и Ѓ.Ч.(30) од Битола и С.М.(38) и Р.Б.(26) од Скопје. Од приведените биле одземени 89 грама  хероин.
На 28.11.2018 година од страна на Секторот за внатрешни работи Битола против наведените лица е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот Закон  на Р.Македонија „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, истакна Стаматова.

Од страна на Судија за претходна постапка од Основен Суд Битола, на истите им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

Маја Богоевска