Македонската фудбалска репрезентација ја задржа досегашната 68. позиција на најновата ранг листа која денеска ја објави Светската фудбалска федерација.
Репрезентацијата одигра два натпревари во месец ноември против репрезентациите на Лихтенштајн и Гибралтар во ,,Лигата на нации” и успеа да забележи две победи, а со тоа и да обезбеди место во разигрувањето за пласман на Европското првенство 2020 година.
Македонија 68.место го задржа со 1343 поени, а на првото место е репрезентацијата на Белгија со 1727 поени, на второто место е репрезентацијата на Франција со 1726 поени додека на третото место е Бразил со 1676 поени.
Извор: derbi.mk


