Навивач вети дека ќе јаде метла ако Рибери постигне гол, Французинот му посака добар апетит – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 3:08 PM

Навивач вети дека ќе јаде метла ако Рибери постигне гол, Французинот му посака добар апетит

Фото: GettyImages

Еден навивач на Баерн Минхен во текот на синоќешниот натпревар со Бенфика од петтиот круг во групната фаза од Лигата на шампионите на Твитер напиша:

„Кога Рибери ќе постигне гол, ќе јадам метла“.

Французинот го забележал твитот на корисникот и иронично му одговори: „Бон апетит”.

Баерн победи со 5:1, а Рибери го постигна последниот гол во 76.минута.

 

Извор: МИА