Албанско знаме се вее во струшко училиште – по реакциите, поставено и македонското – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 2:59 PM

Албанско знаме се вее во струшко училиште – по реакциите, поставено и македонското

Струшкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека по повод Денот на независноста на Албанија
(Ден на албанското знаме), кој патем не е државен празник во Република Македонија, во холот на СОУ „Нико Нестор“ – Струга било поставено големо албанско знаме со дозвола на директорот Миле Попоски, кадар на СДСМ. Оттаму додаваат дека е жално и срамно е да се уништува детството и од најрана возраст да се создаваат меѓуетнички тензии и раздор кај најмладите на национална и верска основа.

„Би сакале да го запрашаме господинот Миле Попоски со која цел, па и со каков образ донел ваква срамна одлука, притоа не запазувајќи и грубо кршејќи го Законот за употреба на знамињата, со кој сите сме свесни дека треба да биде поставено и македонското знаме покрај албанското, но се разбира никако во тие размери и димензии. Иако, ќе повториме, дека не се празнува државен празник на Република Македонија, туку празник на друга држава. Ова претставува разнебитување и раскол на образовниот процес и уништување на фундаменталната функција на образованието, па затоа бараме одговорност за оваа непромислена постапка на директорот“, велат од ДПМНЕ.

Нашата редакција се обиде да добие став и од директорот на „Нико Нестор“, Миле Попоски , но тој не одговараше на телефонските повици.

Но политичкиот аналитичар од Струга, Шпетим Положани вели дека Законот за употреба на симболите на заедниците кој бил донесен пред неколку години бил дискриминирачки за албанците
Во струга низ целиот првично беа поставени само албанските знамиња. Но по реакцијата на јавноста веднаш беше поставено и државното знаме на Македонија.

 

Мики Трајковски