Чувар во рудникот „Ржаново“ пронајден мртов – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 1:25 PM

Чувар во рудникот „Ржаново“ пронајден мртов

Мртов пред чуварската куќа  е пронајден вчера на пладне  чуварот на рудикот Р`жаново кај Кавадарци. Првичните информации говорат дека немало траги на насилство врз починатиот шеесет и едногодишен М.С од Кавадарци.

„ Вчера околу 13 часот во рудникот Ржаново е пронајдено починато лице. Утврдено е дека се работи за човек од Кавадарци на возраст од 61 година вработен како чувар на објектот. Телото е предадено на судска медицина за обдукција“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Резултатите од обдукцијата треба да ја откријат причината за смртта на овој кавадарчанец на своето работно место.

Aнгел Данов