Државна видеолотарија денеска донираше 1.230.000 денари на Универзитетска клиника за детска хирургија, со што се вклучи во набавка на нов апарат, кој се очекува да биде од примарна важност во новоформираниот одел на Клиниката.
Оттаму најавуваат дека до крајот на годинава ќе поттикнат уште една слична акција, со цел здравствени придобивки на најмладите.
„Овие активности ќе ги продолжиме и ќе ги прошириме и во текот на следната 2019 година. Сакаме да дадеме свој придонес во спортот, образованието, културата, здравството. Посакуваме и ќе се потрудиме да придонесеме за поголеми придобивки на општеството како целина“, велат од Државна видеолотарија.

„Во 2015 започнавме со скромен фонд од 261.000,00 денари, кој го зголемуваме секоја следна година. Во следните години за оваа намена беа издвоени 1.200.000,00 денари, па 3.103.000,00 денари, за оваа година, во фондот за општествено одговорна намена, да бидат вклучени 4.337.403 денари. Следната година, овој фонд планираме да биде дополнително збогатен. Кога ја добивме идејата за детската кардиохирургија при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детска хирургија, раководство на Државна видеолотарија на РМ безрезервно одлучи да ја подржи“, додаваат оттаму.


