Евакуирани 10 шопинг центри во Москва поради закана од бомба – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 12:53 PM

Евакуирани 10 шопинг центри во Москва поради закана од бомба

Десет трговски центри се евакуирани во рускиот главен град Москва поради извештаи за закана од бомба, објави денеска  Министерството за вонредни состојби на земјата.

„Оперативните служби добија извештаи за заканите за бомба во повеќе од 10 трговски центри. Неколку илјади луѓе беа евакуирани од зградите”, рече изворот. Меѓу “минираните” трговски центри се Цветной, Атриум и Мегаполис (Метрополис).

Според претходните извештаи, заканата од експлозија била прогласена во трговските центри Капитоли (Капитол) на улицата Шереметеевска во Москва и Горбушкин Двор, од кои посетителите и персоналот биле евакуирани. Полициските службеници и специјализираните службеници со кучиња трагачи ја испитуваат територијата на трговските центри.

Подоцна откако полициските службеници ги пребараа центрите изјавија дека не се пронајдени никакви експлозивни материјали.

Бран такви повици ја натера Русија да евакуира повеќе од 2,5 милиони луѓе од 4.000 згради од септември до декември во 2017 година.