Старица повредена во сообраќајна незгода во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 9:40 AM

Старица повредена во сообраќајна незгода во Скопје

Седумдесет и четиригодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил дваесет и деветгодишен возач – соопшти МВР. Сообраќајната незгода се случила вчера претпладнето на крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“ .

Старицата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.