Седумдесет и четиригодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил дваесет и деветгодишен возач – соопшти МВР. Сообраќајната незгода се случила вчера претпладнето на крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“ .
Старицата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.


