Во Струмица за три дена украдени 40 капаци за сливници – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 8:53 AM

Во Струмица за три дена украдени 40 капаци за сливници

Последните три дена од улици во центарот на градот се урадени 40 решеткасти капаци за сливници за истекување на атмосферските води, соопштија денес од ЈПКД „Комуналец” од Струмица.

-Ги алармиравме сите надлежни институции дека кражбите зачестија и оти исчезнуваат капаци на најфрекветните улици во градот. Отворените капаци може да предизвикаат сериозни проблеми и вистинска среќа е што досега нема повредени граѓани или поголеми оштетувања на возилата, информираат од ЈПКД „Комуналец”.

Додаваат дека украдените капаци не се само се закана за безбедноста на граѓаните, туку нивната замена е трошок за претпријатието.

Екипи на ова јавно преторијатие постојано се на терен и поставуваат нови капаци. Истовремено ги повикуваат граѓаните доколку забележат кражба на капаци веднаш да пријават во полиција или во ЈПКД „Комуналец”.