Лига на шампиони: Во осмина финалето осум клубови, се чекаат уште осум – ММС
ММС

Објавено на: 11/28/18 8:47 AM

Лига на шампиони: Во осмина финалето осум клубови, се чекаат уште осум

После синоќешните натпревари во рамките од Лигата на шампионите осум тимови се пласираа во осмина финалето, а тоа се: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Рома, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Баерн и Ајакс.

На добар пат за осмина финале се Борусија Дортмунг и Атлетико, кои имаат по пет бодови повеќе во однос на Клуб Бриж, а потоа Интер кој има три бодови повеќе од Тотенхем во групата Б, додека Порто и Шалке се близу до осмина финалето во групата Д.

Во групата Ф битка ќе се води помеѓу Лион и Шахтјор во последното коло, а интересно е тоа што овие тимови во Украина играат меѓусебен дуел.

Најзанимлива е групата Ц каде што Ливерпул и Наполи имаат по шест бодови, ПСЖ пет, а Ѕвезда четири. Утре ПСЖ го дочекува Ливерпул, а Ѕвезда оди во Наполи.

Извор: supersport.mk