Србија ќе гради осум стадиони и сака да биде домаќин на финалето на ЛШ – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/18 3:39 PM

Србија ќе гради осум стадиони и сака да биде домаќин на финалето на ЛШ

Србија ги објави плановите за изградба на неколку нови стадиони низ целата земја, при што Белград има амбиции да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите – најави српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Ќе изградиме околу седум-осум нови стадиони. Најубавиот ќе биде во Белград со капацитет од 63 до 64 илјади седишта и ќе биде во можност да го организира финалето на Лигата на шампионите“, додаде Вучиќ.