Пожари во Австралија, евакуирани стотици лица – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/18 1:55 PM

Пожари во Австралија, евакуирани стотици лица

Фото: Gladstone Observer

Стотици лица се евакуирани поради шумските пожари, предизвикани од топлотниот бран во Австралија. Во огнената стихија уништени се најмалку четири куќи и околу 20.000 ари (1 ар =100 метри квадратни) шуми и фарми се уништени.

Полицијата во одредени области во државата Квинсленд одела од куќа до куќа со барање населението да се евакуира, но некои жители одбиле да го сторат тоа.

Соред изјавите на официјални лица, стотици пожарникари се во состојба на подготвеност поради очекуваните 40 степени Целзиусови и силни ветрови.

Во државата Квинсленд регистрирани се рекордни температури за ноември, а метеоролозите најавија дека топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови.

Пожарот започна во саботата и опфаќа област од 66 километри.