Eдно лице е повредено и задржано на лекување во кавадаречката болница. Се здобило со телесни повреди во сообраќајната незгода што во 2 часот по полноќ се случила на патот Кавадарци – Мотел Дреново. Незгодата ја потврдија од СВР Велес.
„Во близина на градски гробишта во Кавадарци , се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Ауди“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Т.М.(25) с. Дреново – кавадаречко и товарно возило марка „Волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
На местото на незгодата увид извршиле полициски службеници од кавадаречката полиција.
Ангел Данов


