Повреден возач во сообраќајна незгода на патот Кавадарци – мотел Дреново – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/18 10:05 AM

Повреден возач во сообраќајна незгода на патот Кавадарци – мотел Дреново

 

Eдно лице е повредено и задржано на лекување во кавадаречката болница. Се здобило со телесни повреди во сообраќајната незгода што во 2 часот по полноќ се случила на патот Кавадарци – Мотел Дреново. Незгодата ја потврдија од СВР Велес.

„Во близина на  градски гробишта во Кавадарци , се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Ауди“ со кавадаречки регистарски броеви  управувано од Т.М.(25) с. Дреново – кавадаречко и товарно возило марка „Волво“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од В.Л.(52) од Кавадарци. Во незгодата повредeн е возачот на патничкиот автомобил кој е задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

На местото на незгодата увид извршиле полициски службеници од кавадаречката полиција.

Ангел Данов