Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/18 9:01 AM

Продолжува судењето за убиството на Никола Саздовски

Фото: Денешен.мк

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци – пренесува МИА.

На минатотот рочиште еден од сведоците во судница ги препозна Бесир Беља и Скендер Демири, кои според обвинителниот акт заедно со Ј.Љ.(19), кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид” на булевар „Александар Македонски” во Автокоманда.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, а за третоосомничениот, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.