Собраниска делегација на тркалезна маса на високо ниво во Брисел – ММС
ММС

Објавено на: 11/27/18 8:42 AM

Собраниска делегација на тркалезна маса на високо ниво во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од Горан Милевски, Ејуп Аљими, Мери Лазарова и Никола Мицевски, утре и задутре ќе учествува на втората тркалезна маса на високо ниво во Брисел, на покана на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

На тркалезната маса, на која се поканети и пратеници од Парламентите во регионот, ќе се расправа за евроинтегративните процеси во регионот, за реализираните реформи за секоја земја поединечно, како и за билатералните прашања и добрососедските политики на Западен Балкан – соопшти собраниската прес служба.

За време на посетата на Брисел, пратениците ќе се сретнат со своите колеги од регионот, како и со повеќе влијателни европратеници, меѓу кои и известувачот на Комисијата за надворешна полититика на европскиот законодавен дом, Иво Вајгел.

Собраниската делегација ќе присуствува и на пленарната седница на Европскиот парламент на која ќе се расправа по Извештајот за Република Македонија за 2018 година