Педесет години јубилеј-неуморна работа со мандолински оркестри на музичкиот педагог Кирил Трајковски од Свети Николе – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/18 4:49 PM

Педесет години јубилеј-неуморна работа со мандолински оркестри на музичкиот педагог Кирил Трајковски од Свети Николе

Трајковски кој речиси целиот свој работен век го минува во Свети Николе, за себе ќе рече дека е штипјанец кој не ги заборава своите штипјани
 Мики Трајовски
Педесет години работа со мандолински орекстри викендов одбележа Кирил Трајковски музички педагог од Свети Николе. Со богата речиси дво часовна програма на која покрај мандолинскиот оркестар  Свети Никола со кој тој раководи а, во кој члеуваат повозрасни членови од различлни професори, од доктори,судии, административни раотници и наставници, како гости настапија и оркестарот од Пазарџик Бугарија како и Васил Атанасов на обоа , Александар Гошев на хорна и оперскиот пејач пејач Ненад Јованов. Беа изведени повеќе дела на кои како автор се потпишува самиот Трајковски, како и познати светски мелодии со аранжман од Трајковски како што се Лав стори, Кум, Санта Лучиа.Трајковски за себе вели дека за него 50 годишниот јубилеј вели дека значи многу.

„Педесет години не се секојдневни работи. Треба многу време да помине за да се некои работи се случат за тие 50 години.50 години е голем труд, голем напор, големо трпение и голема помош од разни структури, а најповеќе од семејството.Се напишани многу дела, многу арнжамни. Гостувано е и на многу фестивали и  на разни други манифестации приредби, новогодишни концерти и сето тоа