Фото: Архива
Предлог законот за амнестија на учесниците во таканаречениот „крвав четврток“, кој го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска не помина во Собранието, а собранискиот спикер, Талат Џафери рече дека за него повеќе нема да се дебатира.
Опозицијата побара Предлог законот да се донесе по скратена постапка, а пратеничката Невенка Стаменковска потсети дека тој ги опфаќа сите лица за кои веќе има донесено првостепена судска одлука, но се уште ја немаат добиено одлуката од судот, потоа лицата кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок на РМ како и лицата кои се опфатени со обвиненија за учество во толпа и слично.
„Самиот Предлог закон содржи 6 члена во кој што точно се точно определени, во член 1 од овој закон се наведуваат 4-те члена од Законот за кривична постапка во којашто е определено:
Член 384 – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
- Член 386 – кој се однесува на насилството.
- Член 385 – учество во толпа кој што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 односно терористичко здружување на уставниот поредок, безбедност од кривичниот законик на Република Македонија, појасни Стаменковска.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес конференција по собраниската седница нагласи дека не може да има амнестија за оние кои како што рече тој, планирале, нарачале и извршиле насилство на 27 април.
Една од домашните национални телевизии пак, објави дека Предлог закон за амнестија веќе изготвила и независната пратеничка група, составена од осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени.


