Припадници на АРМ евакуирале шест лица кои барале помош во пожарот во Дебар Маало – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/18 11:49 AM

Припадници на АРМ евакуирале шест лица кои барале помош во пожарот во Дебар Маало

Припадници на АРМ први пристигнале на местото на пожарот што избувна ноќеска во Дебар Маало и со нивна помош биле евакуирани шест лица кои барале помош.

Од АРМ за МИА информираат дека пожарот бил забележан во 02:50 часот од страна на професионален војник кој бил дежурен на пријавницата на ГШ на АРМ и кој видел дека на вториот кат од објектот има луѓе кои бараат помош. Веднаш била известена противпожарната служба, брзата помош и МВР,  а 10 припадници на Армијата со скала се упатиле кон опожареното место и до 03:05 часот евакуирале дедо, баба, син, снаа и две малолетни деца.

Во гаснењето на пожарот во ресторанот учествуваа 18 пожарникари со осум возила, а според Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, биле запалени и патнички возила.