Околу 145 китови починале откако биле пронајдени заробени на оддалечена плажа во Нов Зеланд, изјавија официјални претставници на конзервација.
Две јата пилот китови беа откриени на само еден километар покрај Мајсон Беј, островот Стјуарт, ретко населен остров на југот на земјата.
Властите најпрво беа предупредени за масовното заглавување на китовите од турист во саботата .
Половина од китовите веќе беа мртви. Останатите животни подоцна беа еутанизирани, според Нов Зеланд, Одделот за конзервација(DOC).
Директор за операции на Островот Стјуарт, Рен Леппенс, рече дека до нивното наоѓање, половина од китовите веќе биле мртви, а останатите биле успиени бидејќи било многу тешко изводливо да се спасат.
„Зафрлената локација, недоволниот број на спасувачи и влошената состојба на китовите беа фактори за да одлучиме дека хумана евтаназија е најдоброто решение“, вели тој.
„Воопшто не беше лесно да се донесе таа одлука.“ Одлуката ја опиша како „скршени срца“.
Во соопштението од DOC исто така стои дека заглавувањето на китови не е невообичаено во Нов Зеланд, каде има околу 85 вакви инциденти годишно.
Во повеќето случаи се заглавува по еден кит, а не цело јато.
Точните причини зошто китовите и делфините се заглавуваат не се целосно разбрани. Предизвикувачки фактори може да вклучуваат “болест, навигациска грешка, географски карактеристики, брзо паѓање на плима, гонење од предатор или екстремни временски услови”, се вели во изјавата на DOC.
Минатата година околу 400 пилотски китови беа заглавени во Златниот залив, на врвот на Јужниот остров на Нов Зеланд, за што се веруваше дека е трето по големина масовно заглавување(насукување) во историјата на земјата.
Најголемото насукување се смета дека се случило во 1918 година, кога околу 1.000 китови се заглавуваат на Чатамските Острови.


