Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд – ММС
ММС

Објавено на: 11/26/18 7:36 AM

Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне во западните, а во текот на ноќта и во крајните југоисточни подрачја. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 10, Прилеп 11, Кавадарци 15, Крива паланка 11, Берово 9, Дојран 14…

И утре времето ќе биде променливо облачно претпладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 во Маврово, 14 во Скопје, 11 во Охрид до 16 степени во Дојран.