Полска победник на Детска евровизија 2018, Македонија го освои 12. место (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 7:14 PM

Полска победник на Детска евровизија 2018, Македонија го освои 12. место (Видео)

 

„Anyone I Want To Be” е насловот на песната со која тринаесетгодишната Роксана Венгер и’ ја донесе победата на својата родна Полска во рамките на годинашната Детска евровизија.

Финалето на оваа музичка манифестација се одржа во главниот град на Белорусија, Минск. За главната награда „Кристален микрофон” се бореа 20 земји. Македонија ја претставуваше тринаесетгодишната Марија Спасовска од Скопје, со песната ,,Дома”, авторско дело на Дарко Димитров и Елена Ристевска.

Со освоени 99 поени, Марија го освои 12. место.