Последните контакти со Груевски ги имавме пред „27 април“, вели Заев – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 6:54 PM

Последните контакти со Груевски ги имавме пред „27 април“, вели Заев

Премиерот, Зоран Заев негира дека тој е последниот со кој се слушнал Никола Груевски пред да замине за Унгарија. Тој тврди дека тие немале контакт околу година и половина.

„Последните контакти ги имавме кога парламентот беше заробен во онаа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани од 27 април. Разговаравме за можностите како да се одблокира процесот. Јасно е дека двотретинското мнозинство постојат за да на ја мачиме Македонија, ниту македонските институции. Тогаш беа последните разговори. Јас тоа го демантирав на медиумот што објави такви информации. Тие го нотираа демантот, но благодарам на прашањето, и уште еднаш да ја искористам приликата да соопштам дека откако сум премиер со господинот Груевски немам никаква комуникација“, изјави денеска Заев.

Прашан од новинарите пак, дали унгарски разузнавачи од Македонија помагале Груевски да побегне кон Албанија, Заев немаше конкретен одговор. Тој потенцираше дека МВР го истражува случајот и токму тоа прашање е дел од истрагата кој треба да заврши за да биде соопштен и од истражните органи и од МВР.