Фото: Архива
Приврзаниците на движењето „Македонија блокира“ предводени од Јанко Бачев од „Единствена Македонија” денеска во знак на протест против менување на името на државата, времено го блокираа граничниот премин „Богородица” во делот за влез во земјава извикувајќи „ова е наша земја“.
Присутните на блокадата од повеќе организации, порачаа дека се дојдени од тука да се слушне нивниот глас и дека ќе ја продолжат битката пред Собранието на РМ, дека ќе ги посетуваат домовите на пратениците и оти од овој момент, како што рекоа, почнува семакедонскиот отпор кој ќе трае до заминување на оваа Влада.
Во моментот демонстрантите се повлечени од граничниот премин „Богородица” каде сообраќајот се одвива нормално на излез и влез во земјава.


