Камионџија тешко повреден во сообраќајна незгода: Удрил во надвозник – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 10:54 AM

Камионџија тешко повреден во сообраќајна незгода: Удрил во надвозник

Четириесет и сумгодишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила вчера попладне на автопатот А4 во изградба Миладиновци-Штип, кај надвозникот  за село Крушица – соопшти денеска МВР. До незгодата дошло кога скопјанецот, управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки  удрил во надвозникот.

По незгодата тој бил пренесен во Ургентен центар -Скопје, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Свети Николе.