Петричек: Русија претставува опасност за Чешка и ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 10:39 AM

Петричек: Русија претставува опасност за Чешка и ЕУ

Русија претставува закана за Чешка и ЕУ – смета новиот чешки министер за надворешни работи Томаш Петричек.

„Според мене Русија претставува опасност“, истакна Петричек, наведувајќи ги за пример опасностите од „ширење на дезинформации и применување на различни хибридни закани“. Тој смета дека „ситуацијата нема да се реши со никакво натамошно протерување на руски дипломати, туку треба да се зајакне стратегиската комуникација и способност да се бориме со дезинформации во рамки на целата Европска унија“.

Петричек се повикува на податоци на чешкото контраразузнавање за зајакнување на руската активност на чешка територија. Шефот на разузнавањето Михал Ковделка неодамна изјави дека „целта на руските специјални служби е уништување на на НАТО и ЕУ“.

 

Извор: МИА