Напад со отровен гас врз Алепо, сириските бунтовници ги отфрлаат обвинувањата – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 10:27 AM

Напад со отровен гас врз Алепо, сириските бунтовници ги отфрлаат обвинувањата

Најмалку 100 цивили се повредени при нападот кој го извршија  бунтовниците со отровен гас врз сирискиот град Алепо – објавија тамошните медиуми. Меѓу повредените има жени и деца, од кои некои се во критична состојба. Нападите биле извршени во трговски квартови во градот.

Командантот на сириските бунтовници Абдел-Салам Абдел-Разак ги отфрли тврдењата дека бил употребен отровен гас, објаснувајќи дека тие не поседуваат такво нешто, ниту имаат можност да го користат при напади.

Претходно сириски официјален претставник изјави дека најмалку 50 цивили побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето по бунтовничкиот напад.

Локалните медиуми, повикувајќи се на полициски извори, соопштија дека бунтовниците истрелале ракети наполенти со хлор.

Сириските безбедносни сили на овој напад одговориле со ракетирање на бунтовнички позиции.