Времето денеска: Врнежливо и топло, со температури до 14 степени – ММС
ММС

Објавено на: 11/25/18 9:23 AM

Времето денеска: Врнежливо и топло, со температури до 14 степени

Минимални два степена се измерени утрово во Берово, а максимални десет во Гевгелија и Дојран – соопштиУХМР. Три степени е во Маврово, Лазарополе, Прилеп и Крушево, четири во Битола, Претор и Ѓуриште, пет во Штип, Пожаране и Тополчани, шест во Охрид и Струмица, седум во Тетово и Куманово, а осум во Скопје и Демир Капија.

Денеска во Македонија не’ очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дож. Попладне врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните делови, а во вечерните часови и во крајните југоисточни подрачја. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од четири до 11 степени.

Утре и задутре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.  Во среда поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите на планините ќе бидат од снег. Потоа во наредните  денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински и дневни температури.