Снегот на Попова Шапка од оваа сезона ќе се мери преку специјално вграден сензор – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/18 1:22 PM

Снегот на Попова Шапка од оваа сезона ќе се мери преку специјално вграден сензор

Снегот на Попова Шапка од оваа сезона ќе се мери преку специјално вграден сензор во постоечката автоматска метеоролошка станица. Оваа новина е дел од процесот на осовременување на метеоролошкиот систем на Македонија.
Седумнаесет сантиметри снежна покривка е првиот податок на сензорот кој неодамна беше вграден на автоматската метеролошка станица на Попова Шапка, добиен во рамки на проект во кој учествувале Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации.
Станицата е пуштена во функција пред три години, а нејзиното надградување со сензорот е дел од процесот на осовременување на автомтскиот метеоролошки систем на Македонија.

Зоран Димовски