Снегот на Попова Шапка од оваа сезона ќе се мери преку специјално вграден сензор во постоечката автоматска метеоролошка станица. Оваа новина е дел од процесот на осовременување на метеоролошкиот систем на Македонија.
Седумнаесет сантиметри снежна покривка е првиот податок на сензорот кој неодамна беше вграден на автоматската метеролошка станица на Попова Шапка, добиен во рамки на проект во кој учествувале Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации.
Станицата е пуштена во функција пред три години, а нејзиното надградување со сензорот е дел од процесот на осовременување на автомтскиот метеоролошки систем на Македонија.
Зоран Димовски