Карпата на сопнување- Гибралтар и Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 11/24/18 2:00 PM

Карпата на сопнување- Гибралтар и Брегзит

Дали договорот за Брегзит може да пропадне поради малиот Гибралтар? Грижите на Мадрид се оправдани, но сето заедно е гротеска која ја покажува лудоста на Брегзит, коментира Мартин Муно.

Најновата рунда на караници се врти околу карпестиот полуостров со површина од 6 квадратни километри на самиот југ на Шпанија, место каде што живеат околу 30.000 луѓе и 200 мајмуни. Од 1704 година ова парче земја и карпи и’ припаѓа на Велика Британија. Но, Шпанија и денес го доведува во прашање правото на Лондон на Гибралтар.

„Мојата Влада секогаш ќе ги брани интересите на Шпанија. Ако нема промени, ќе вложиме вето против Брегзит“, напиша во четвртокот на Твитер шпанскиот премиер Педро Санчез.

Разбирливо е дека Санчез нема недоумици. Бидејќи, ако границата на двете Ирски, која е една од пресвртните точки на триење во преговорите, договорено е конечно да се реши дури во 2020 година, а засега се’ да остане по старо, зошто тогаш Мадрид би прифатил дека Гибралтар ниту со еден збор не се споменува? Тврдата граница меѓу Шпанија и овој полусотров би имала непредвидени последици за 10.000 Шпанци кои работат таму.

Затворени граници?

Сепак, гротескно е расправата околу една карпа да го потопи комплетниот обид разводот меѓу ЕУ и Велика Британија да се одвива макар и делумно разумно. И шпанскиот шеф на Владата би морал да знае дека неуредениот Брегзит би имал несогледливи последици за Гибралтар.

Извор: DW